РАДИО РИНГИШПИЛ

СЛУШАЈ ЈА НАЈУБАВАТА

ДЕТСКА МУЗИКА

СЛУШАЈ ГИ НАЈУБАВИТЕ БАЈКИ

РАДИО ВОДИТЕЛИ

Сара Петкоска

Сара е родена на 16.07.2006 год. Ученичка е во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид. Интересот кон глумата кај неа се појави уште на 8 годишна возраст,

Од декември 2018 година членува во Детското драмско студио „Цвет 75“ во кое има бројни улоги во претстави, кратки филмови, а се јавува и како сценарист. Гостувала во повеќе ТВ емисии, а нејзина најголема желба е професионално да заполови во актерските води. 

Елеонора Ѓурѓевиќ

Елеонора е родена на 28.12.2011 год. Ученичка е во ООУ "Блаже Конески" - Скопје. Поголемиот дел од времето го поминува во читање, но и пеење и другарување, а по малку и на Roblox.

Во 2008 година за првпат учествуваше во хорот на детскиот фестивал Поточиња, а во 2019та и 2020та настапи како солист на истоимениот фестивал

ЗА РАДИОТО

Радио Рингишпил за првпат започна со работа на 1ви Јуни 2020 година како активност за време на Корона вирус на "Асоцијација за уметност и култура на деца и млади Креативити" - Прилеп.

Целта на проектот е анимирање, едукација и забава за најмладите со 24 часовна детска програма, македонска и странска детска музика, радио драми, бајки, радио прилози и радио емисии во чија изработка и реализација се вклучени токму деца.

Со двата свои канали радио Рингишпил претставува единствен радио медиум во Светот на македонски јазик посветен на децата.

Радио Рингишпил претставува едно креативно катче во кое добредојдени се сите поединци, организации, здруженија, фирми чија што целна група се децата. 

Теона Богданоска

Теона е родена на 26.02.2007 год. Ученичка е во ООУ "Блаже Конески" - Прилеп. Слoбoднoто време го поминува во дружба со книга, музика, или со своите 7 мачиња и кучето Рекс.

Теона често е рaспoлoженa дa ги изненaди своите родители со благ ролат од банана и шопска салата со 5 краставици и 7 домати, сирење, лути пиперки, малку магдонос и маслинки, а притоа никогаш не заборава куќата да ја "светни" како и секоја вредна домаќинка :) .

Лина Боцеска

Лина е родена на 30.06.2007 год. во Прилеп, но живее во Охрид. Ученичка е во ООУ "Григор Прличев" - Охрид. Нејзина најголема желба е глумата, а најмногу ги сака комичните ликови. Нејзиното хоби е собирање на украсни салфетки и стикери (украсни лепенки).

By Creativity Production