АУКДМ “Creativity” – Прилеп е здружение кое главниот фокус на работа го темели врз остварувањето на заедничките интереси на граѓаните на општина Прилеп и РМ, како и на задоволување на потребите на талентираните деца од областите образование, актерство, новинарство, фотографија и камера.

Здружението е основано на 15.11.2012 година кое што во изминатите години активно работи на поттикнување на иницијативи, активности и реализација на проекти кои придонесуваат за подобрување на животот на граѓаните во општина Прилеп и РМ, како и активности кои се со позитивни содржини за унапредување и развој на образованието, уметноста и културата во РМ.

By Creativity Production