Дали знаете?

Дека децата се смеат околу 400 пати на ден, додека возрасните се смеат само 15 пати на ден во просек?

Дека „шеќерната волна“ ја измислил стоматолог по име William J. Morrison, во почетокот на 20 век?

Дека мачките немаат вкус за благо?

Дека децата растат побрзо во пролет отколку во кое било друго време од годината?

Дека бебињата родени во мај, се во просек 200 грама потешки од бебињата родени во другите месеци?

Дека секоја птица дневно, треба да изеде храна која тежи барем половина од тежината на птицата за да преживее?

СЛЕДЕТЕ НЕ

Дека пластилинот е измислен од Joe McVicker, и тоа случајно! Пронајдокот најпрво бил наменет како средство за чистење на тапети. Сфаќајќи дека оваа мешавина може да послужи и како детска играчка, Joe ја ставил на пазарот како таква.

Дека некои Ескими користат фрижидери за да спречат целосно замрзнување на храната?

Дека на планетата Уран летото и зимата траат по 21 година?

Дека луѓето се раѓаат со 350 коски во телото, но кога човекот ќе достигне зрелост, ќе има само 206 коски? Причината за тоа е што некои коски меѓусебно сраснуваат и формираат единствена коска.

Дека човекот во устата произведува по 1 литар плунка на ден?

Дека слонот е единствено животно што не може да скока?

By Creativity Production