"ГАЗИ МАЛИ" е името на првиот видеоспот од

12-годишниот јутјубер Влатко 19

Една од најмладите јутјуберски атракции во Прилеп и Македонија , Влатко Димески познат како  Влатко 19, го оствари својот сон, ја презентираше со видео запис својата песна Гази Мали, инспирирана од јутјуберската треска која владее кај младата популација. Неговото првенче е всушност и неговиот сон да го претстави својот јутјуберски канал на македонската сцена. Има само 12 години и за себе вели дека сака да го достигне нивото на моментално најпопуларни јутјубери во земјава, но како што вели дека неговото времe допрва доаѓа а овој чекор напред му дава дополнителен мотив да го подобри она што сака да го прави и да се гордее неговата публика која го следи

Јас сум дете кое многу го сака ЈуТјубот како платформа , односно снимањето на видеа за било какви теми. Како еден од најмладите во нашава земја мислам дека ова што со стихови се претставувам себеси ќе ми даде мотивација и стимул за понатаму. Знам дека има уште многу да работам за да го популаризирам мојот канал и да го зголемам бројот на следачи односно субскрајбери, но во иднина како ќе растам така и ќе го збогатувам каналот со видеа и ќе правам се за да можат сите кои ќе ме следат да ми бидат ветер во грб и да бидат моја верна публика како што сум сега јас на еден Марко Џипи, Стефонатор, Благадуша, Ставре, Никикс, Ритко , ЛордОфФелс, Глуше, Лаки , Жика , Бамбо, Лазаров,Мартин Гајдов, Иван Ајнштајн и уште многу други јутјубери низ Македонија. Многу сум среќен што еден ваков спот успеав да го  направам заедно со помош на моите родители и сите оние кои го создадоа овој видео запис. Горд сум на себе а и на сите што реагираа на мојата рима.

За неговите години ова е спот  со кој може да се гордее, но секако треба уште повеќе видеа и интересни содржини на неговиот канал  за да го потврди она што го отпеа во истата. Ние му посакуваме многу среќа на ова наше прилепчанче.

By Creativity Production